Пукано пред штабот и домот на активист на ДУИ во Охрид

Изминатата ноќ. малку пред полноќ, било пукано од огнено оружје кај штабот на владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИЖ) во Охрид, кој е лоциран на улицата „Гоце Делчев“, пренесува порталот Охрид1.

Како што се истакнува во инфромацијата, синоќа бил блокиран овој дел од градот, поради увидот од страна на полициски службеници.

Според првите непотврдени инфромации, било пукано од автомобил во движење, а во настанот оштетено е едно возило со охридски регистарски ознаки. Според непотврдените информации, возилото било на случаен минувач и е подигнато за натамошно вештачење.

Неколку мигови потоа се чуле истрели и блиску до куќата каде живее советникот Нефи Усеини, кој е и прв човек на ДУИ во Охрид, се додава во информацијата.