Пукано врз седиштето на ПАСОК во Атина

Двајца вооружени напаѓачи пукале во понеделникот во центарот на грчката престолнина Атина врз седиштето на социјалистичката партија ПАСОК, но притоа нема повредени иако истрели завршиле во блиската продавница за облека.

Пукањето се случило околу еден час пред телевизиската дебата меѓу кандидатите кои требаа да го ворат овој поширок сојуз на грчките социјалисти.

„Во седиштето на партијата се наоѓале околу 30 луѓе кога се слушнале најмалку четири истрели. Видени се двајца мажи како заминуваат на мотоцикл“, изјавил за Reuters неименуван полициски службеник.

Полицаец сведочел дека еден од напаѓачите го вперил пиштолот кон него, но успеал да најде засолниште, додал соговорникот на агенцијата, поради што се разгледува дали вистинска цел биле всушност полицајците кои се наоѓале пред седиштето на партијата.

Партијата ПАСОК во минатото често беше цел на напади, а неговиот лидер Фофи Генимата ја обвини владата дека ништо не презема за да ги спречи. „Повторно сме цел на напад“, порачи Генимата во изјавата за телевизијата Skai.

Во јануари годинава напаѓачи пукаа врз припадници на интервентната полиција која ги заштитуваше канцелариите на ПАСОК, што про полесно беше повреден еден полициски службеник.

Владата на коалицијата од крајната левица Сириза го суди овој напад врз социјалистите.