
Истрели од огнено оружје денеска околу 13:30 часот ги вознемирија жителите на скопската населба Капиштец.
Пукотницата се случила на улицата „Народен фронт“ во близина на Цветниот пазар.
За среќа повредени нема, а од истреланите куршуми оштетен е автомобил марка „хонда“, кој бил паркиран во близина.
Од МВР информираат дека полициска екипа во моментов врши увид на местото на настанот.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.