
Најмалку едно лице загина, а едно е повредено во пукотница во студентско гратче на Универзитетот во Сиракуз, во американската сојузна држава Њујорк.
На студентскиот кампус е прогласена тревога и раководството на универизтетот ги повика жителите да останат во своите соби и да не пуштаат непознати лица. Полицијата, исто така, забрани и движење на локалните гробишта каде се случила престрелката, пренесува МИА.
Во моментот тревогата е отстранета, но на студентите се препорачува да останат внимателни.