![pukanje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/05/pukanje.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Во Здравствениот дом во Врање укажана е помош на лицата повредени во пукотницата што рано утрово се случила во Врање.
Тепачката и пукањето се случиле утрово околу 5 часот во центарот на градот.
Во Здравствениот дом во Врање укажана е помош на четири лица. Оваа информација ја потврди д-р Наташа Стојиљковиќ, менаџерката на болницата, пишува Телеграф.
Според неа, четворица мажи се доведени на лекар, а еден е пуштен на домашно лекување. Двајца се со повреди од куршуми.
Повредите се сериозни, но ничиј живот не е во опасност, вели таа.