Едно лице убиено, а двајца повредени во пукотници во струшко. Според првините информации што ги објави Канал 5 настанот се случил доцна синоќа во селото Долна Белица пред Струга.
Двајцата повредени се хоспитализирани. Едниот на хирургија во струшката болница а другиот во специјалната болница за ортопедија Свети Еразмо.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека престрелката се случила околу 22 часот и 30 минути. Еден од повредените, според Димоски, е пренесен на скопските клиники, додека другиот е во специјалната болница за ортопедија и траумоатологија „Свети Еразмо“ во Охрид.
Се претпоставува дека пукотниците настанале заради нерасчистени меѓусебни односи помеѓу две страни.
Полицијата работи на рсачистување на настанот. Дополнителни информации за настанот се најавуваат за подоцна во текот на денот.