Пукотниците во Скопје се поради снимање филм во „Газела“

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во кругот на поранешна „Газела“ се снима филм, при што се снимаат и сцени зо пукање, за што министерството е навремено известено од организаторот.

Министерството за внатрешни работи, исто така, апелира до медиумите да не се пласираат непроверени информации во јавноста и за соодветна информација да се обратат до Секторот за односи со јавност.