Фудбалерите на Манчестер Сити следните десет години ќе ја носат опремата на германскиот производител на спортска опрема „Puma“, објави во четвртокот англискиот премиерлигаш.
Британските медиуми пишуваат дека овој нов долгорочен договор потишан меѓу Манчестер Сити и „Puma“ чини малку повеќе од 58 милиони евра, или 50 милиони фунти годишно, што е повеќе од двојнот од сумата која ја плаќаше американскиот производител „Nike“.
Воедно ова е третиот, според висината на сумата, договор во англискиот фудбал зад оној на германски „Adidas“ које спонзор на Манчестер Јунајтед и на „Nike“ со Челзи.
„Мислам дека постигнавме чесен договор. Манчестер Сити е најдобрата екипа во Премиер лигата, многу се напреди во размислувањата и екстремно се аналитични во начинот на кој се однесуваат кон играта и работата“, изјави извршниот директор на „Puma“, Бјорн Гулден.
Новите дресови „Граѓаните“ првпат ќе ги претстават на азиската турнеја по Јапонија и Кина ова лето, а договорот предвидува дека опремата на „Puma“ ќе ја носта и партнерските клубови на Сити, австралиски Мелбурн Сити и кинески Сечуан.