Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“ и Меѓународниот штаб за помош на Украинците упатија апел за собирање на хуманитарната помош.
Од здруженијата информираат дека помош може да се донира на 2 пункта во Скопје.
Првиот е поставен на плоштад Македонија во шатори,каде што донациите можат да се донесат во периодот од 8 до 20 часот секој ден.
Вториот пункт е во во магациот на компанија „Кодинг Горска” во Ѓорче Петров кој се наоѓа на улица Шарпланина бр. 4 во населбата Даме Груев.
Во овој пункт помошта може да се донира секој ден од 10 до 19 часот, а во сабота од 10 до 14 часот.
Од двете здруженија велат дека секаква помош е добредојдена.
Телефон за детални информации 071 755 818.