![мвр](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/mvr.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека утре, 2. август, Одделот за граѓански работи, односно сите подрачни единици во рамки на Одделот, како и пунктовите во објектот на МРТВ и „Беко“ во Скопје ќе работата на издавање на готови лични документи на граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи).
Притоа во Скопје (МРТВ и „Беко“) управните служби ќе работат во периодот од 08 до 16 часот, додека низ државата подрачните управни служби ќе работат во периодот од 08 до 12 часот, информираат од МВР.