При пушење цигара прстите се во контакт со усните, што ја зголемува можноста за пренесување на вируси од рака на уста. Ова ги прави пушачите поранливи на COVID -19 и затоа треба да бидат особено внимателни, информира Министерството за здравство.
Пушачите исто така може да имаат веќе заболувања на белите дробови или намален капацитет на белите дробови што во голема мерка може да го зголеми ризикот од сериозни заболувања.
Состојби што ги зголемуваат потребите за кислород или ја намалуваат способноста на телото правилно да го користи, ги става пациентите со поголем ризик од сериозни белодробни заболувања како што е пневмонијата.