Блокот 1 во РЕК Битола од утрово е пуштен во производство, откако вчера поради дефект на цевка во котелот беше исклучен.
Во РЕК Битола се работи на активирање на блокот 2 кој се очекува до крајот на неделава да биде ставен во функција.
Според информациите од комбинатот се работи и во блокот 3 во кој беше предизвикан пожар во тафостаницата. Овој блок се очекува да биде акривиран за еден месец.