![dalekuvod](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/dalekuvod.jpg?resize=678%2C381&ssl=1)
Официјално пуштена во употреба втората делници Неокази – Пробиштип, што е дел од новиот 110 киловолтен далновод Штип-Пробиштип. Далноводот се гради на местото на старата траса која беше во употреба цели 6 децении.
Со ова капитална инбвестиција во вредност од 2, 45 милиони евра з ацелосна енергетска функционалност на индустриската зона Неокази, во која веќе има еден голем инвеститор од металобреработувачката индустрија- изјави Зоран Заев, премиер.
Изградбата на новиот далековод ќе донесе бројни придобивки и за населението од источниот дел на земјата и ќе креира услови за долгорочно и квалитетно снабдување со електрична енергија за Пробиштип, Штип, Кратово, Свети Николе, Крива Паланка и Злетово.
После издавањето на дозволата за градба, ќе продолжи инвестицијата на МЕПСО за изградба на далеководот Штип- Овче Поле, а веданш потоа и до Скопје -4, така што целиот овој регион и целата држава ќе ја стабилизираме во енегретскиот сектор- изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.
За оваа цел, МЕПСО планира да изгради вкупно 130 километри нови далноводи и ќе бидат инвестирани околу 15 милиони евра.