Пуштен автопатот Миладиновци-Штип: Нема тунел, нема музика!

Според одлуката на Владата на овој автопат ќе се градат две нови наплатни станици.

Откако досега дестина пати неуспешно беше најавено пуштањето на автопатот Миладиновци-Свети Николе- Штип, денеска Министерството за транспорт и врски соопшти дека сообраќајницата е конечно отворена.

Но, веројатно поради некоординираност на институциите, утрово „Вијадукт трејд“, извести дека „автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот“.

Свеченост за пуштање на автопатот во употреба, нема да има.

Според одлуката на Владата на овој автопат ќе се градат две нови наплатни станици.

Во јавноста се шпекулираше дека една од причините поради која не се пушта овој автопат е бидејќи нема поставено патарини, и дека би се намалил прометот на паратината Скопје Велес.

Инвестицијата за новиот автопат, долга 47 километри, изнесува над 200 милиони евра. Со новото автопатско решение времето за патување од Скопје до Штип се намалува за половина час.

Автопатот е широк 27,4 метри, има четири ленти од 3,75 метри и две ленти за застанување од 2,5 метри. Проектираната брзина е 130 километри на час. По должината на автопатот има седум клучки. Делницата почнува после клучката Миладиновци, која има девет нови крака, долга е 1,5 километри и се спојува со коридорите 8 и 10. Последната клучка на автопатот е „Три чешми“,  каде ќе има спојување со новиот експресен пат во изградба Штип-Кочани.

Долж автопатот е поставена челична одбојна ограда, мрежа за заштита од животни, оптички кабел, звучни бариери, службени премини.