
Нормализиран е сообраќајот за сите видови на возила на регионалниот патен правец Тетово – Јажинце кај село Порој, информираат од АМСМ.
Градежните работи на патниот правец Тетово – Јажинце продолжуваат и се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената патна сигнализација.
Од АМСМ посочуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, велат од АМСМ.