Пуштени од станица близнаците од „Пука козметика“

Ослободени се од притвор рап артистите од „Пука козметика“, Дарко и Жарко Масларковски, кои синоќа на протестот пред Собрание беа уапсени за напад на службено лице и беа задржани во полициската станица  во Кисела Вода.

На Дарко Масларковски по наредна на јавен обвинител му е одземен мобилниот телефон.

МВР ги терети по член 383 од Кривичниот законик- напад на овластено службено лице.

Адвокат на Дарко Масларковски е Јанаки Митровски, додека на Жарко Масларковски бранител е Дејан Костиќ.

Од МВР велат дека по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.