Влезниците за натпреварот меѓу Работнички и Будуќност, во квалификациите за Лига Европа од денеска се пуштени во продажба. Денеска ќе може да се купат само онлајн преку МК Тикетс, а од утре и на билетарницата на стадионот „Филип Втори“.
Во продажба ќе бидат пуштени само за јужната трибина, а тие ќе се продаваат по цена од 150 денари.
УЕФА ги одреди службените лица за натпреварот, а правдата ќе ја дели чешкиот судија Збинек Проске. Нему ќе му помагаат сонародници, Радек Котик, Роберт Хајек и Павел Јулинек (четврти судија), дедека контролор на натпреварот ќе биде Џерард Пери од Република Ирска.
Натпреварот помеѓу Работнички и Будуќност се игра во вторник на 28 јуни со почеток од 18 часот.