Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот вечерта дека никогаш нема да прогласи прекин на огнот во Украина што може да ѝ даде можност на нејзината армија да се консолидира, како и без одредени предуслови кои Киев мора да ги исполни.
Русија се спротивстави на членството на Украина во НАТО, наведувајќи ја неутралноста на Украина како еден од условите за траен мир меѓу двете земји. Москва постојано повторува дека проширувањето на НАТО на исток го гледа како закана за нејзината безбедност, но сега еден од дополнителните услови е и Киев да го признае рускиот суверенитет на четирите југоисточни регеиони и црноморскиот полуостров Крим, со доминатно руско и рускојазично население кои се под контрола на силите на Москва.
Одговарајќи на очекуваните новинарски прашања во врска со Украина по завршувањето на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во казахстанската престолнина Астана, Путин повторно потсети дека Русија никогаш не одбила преговори. Но, како што истакна, прекинот на борбите без постигнување одредени договори би претставувало грешка.
„Не можеме да дозволиме непријателот да го искористи прекинот на огнот за да ја подобри својата позиција: повторно да се вооружи, да се доопреми за нови напади, да ја освежи својата армија со помош на присилна мобилизација и да биде подготвен за продолжување на вооружениот конфликт…. Неопходно е да дојдеме до тоа спротиставената страна да се согласи да преземе чекори кои би биле неповратни и прифатливи за Руската Федерација“, истакна рускиот претседател.
Путин укажа на претходните договори за украинскиот конфликт уште додека беше граѓанска војна на прозападните власти дојдеи на власт во Киев по насилниот преврат од 2014 година со доминатното руско населние од југоистокот на кое тогаш веднаш му беа ускратени правата. Алудирајќи на Минските мировни преговори од 2014 и 2015 година, во кои гаранти покрај Москва и Киев, беа и Германија и Франција, Путин потсети дека тие завршија „во ѓубре“.
Имено уште по почетокот на руската инвазија во феруари 2022 година, поранешната германска канцеалрка Ангела Меркел и тогашниот франциски претседател Франсоа Оланд, и двајцата потписници на мировните договори од Минск, признаа дека договорите од белоруската престолнина биле потребни за да се добие во време украинската армија да се подготви за нова војна.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли предлозите за примирје неодамна предложени од унгарскиот премиер Виктор Орбан, за кој се верува дека е во добри односи со Путин. Украина не е подготвена да преговара во сегашните околности и бара целосно повлекување на Русија од сите окупирани територии, вклучувајќи го и Крим, како предуслов за мир, рече Зеленски. Кремљ, пак, ја отфрли и понудата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да посредува меѓу Москва и Киев, предложена во Астана.
„Ми изгледа малку веројатно конечно да го прекинам конфликтот со помош на посредници и само преку нив. Прво, затоа што е малку веројатно дека посредникот ќе има овластување да ги потпише конечните документи“, рече Путин во продолжение на прес-конференцијата во Астана.
Истовремено, рускиот челник оцени дека е „бесмислено директно да се контактира со украинскиот парламент, бидејќи мнозинството пратеници се подредени на нелегитимната влада во Киев“, откако Москва уште пред неколку месеци посочи дека Зеленски нема веќе легимититет бидејќи пролетва му заврши претседателксиот мандат.
Путин потсети дека во 2015 година Врховниот суд на Украина го ограничи претседателскиот мандат на пет години. „Нема причини за проширување на претседателските овластувања во согласност со Уставот на Украина“, рече претседателот.
„Сите овластувања треба да одат во Радата (украинскиот парламент), но таа не ги презема овие овластувања врз себе, затоа, се разбира, можете да ѝ се обратите, но врз основа на практичната ситуација и она што се случува во реалниот живот, тоа е повеќе или помалку бесмислено“, заклучи Путин.