![sv trojca rusija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/sv-trojca-rusija.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Рускиот претседател Владимир Путин донесе решение со коешто историската икона „Свет Тројца“ (Светот Тројство) на Андреј Рубљов, како и ковчегот со моштите на светиот благоверен кнез Александар Невски моштите и се враќаат на Руската православна црква, соопштија во вторникот црковни извори, поради нивната важност за верниците.
За „Светото Тројство“ на Андреј Рубљов, една од најсветите и уметнички најважни руски икони, насликана во XV век, како што се смета, во чест на свети Сергиј Радонежски во Сергиевата лавра крај Москва, каде што е насликана. Ги прикажува трите ангела кои го посетиле Аврам кај дабот Мамра во Книгата на Постанокот, првата во Библијата.
Таа во подоцна една година ќе биде изложена за поклонение на верниците во московскиот централен храм на Христос Спасителот, по што ќе биде вратена во своето историско место во Свето-тројската Сергиева лавра
Иконата неколкупати била преместувана. По револуцијата, во 1929 година атеистичките комунистичка власт на Советскиот сојуз ова ремек-дело на древното руско сликарство ја поставува во славната московска галерија „Третјаков“, по што била сокриена од посетителите до доцните 1990-те.
По повод 600-годишнината од наоѓањето на моштите на свети Сергиј Радонежски во 2022 година, иконата е донесена на поклонение во лаврата (манастирот) Света Троица и Сергиј, која е древно седиште на Руската црква и на листата на светското наследство на УНЕСКО. За да се подготви за транспорт и прикажување на иконата на Министерството за култура на Руската Федерација, беше создадена специјална комисија, чија главна задача беше да ја обезбеди безбедноста на светијата.
Моштите (масивен ковчегот во длаборез со останките) на свети Александар Невски, рускиот кнез и светец од XIII век од петербуршкиот музеј Ермитаж ќе бидат пренесени во лаврата на Александар Невски, соопшти претходно музејот. Според водството на музејот, со овој чин ќе го „зајакне националното единство“.
„Можевме само да сонуваме дека овој свет предмет ќе ѝ биде вратен на Црквата, за да може нашиот народ пред него да се моли“, изјави патријархот Кирил во обраќањето на Светиот синод на РПЦ, изразувајќи му ја својата „најдлабока благодарност“ на претседателот Путин.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „ова се однесува на големиот број верници во нашата земја, за коишто ова е многу важна светија. За нив, нашите верници, секако, криењето во музејот не ја исполнува нивната желба“.
Руската црква, чијшто конзерватизам Путин го поддржуваше во рамките на својата визија за руски национален идентитет, и нејзиниот поглавар патријархот Московски и на цела Русија, Кирил, се доживуваат на Западот како поддржувачи на „специјалната воена операција“ во Украина.