Русија жестоко ќе одговори на терористичките напади организирани од украинските власти врз руските територии и интереси, предупреди во понеделникот рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот на безбедност истакнувајќи дека Киев стои зад експлозијата на Киевскиот мост,
„Податоците од форензичките и другите експертизи, како и оперативните информации, укажуваат дека експлозијата од 8-ми октомври е терористички чин. Терористички напад со цел уништување критична инфраструктура на Русија. Очигледно е дека нарачатели, организатори и извршители на терористичкиот акт се украинските специјални служби“, рече Путин во обраќањето на националниот Совет за безбедност пренесува на јавната телевизија.
Предупредувањето на Путин дојде неколку часа откако во понеделникот рано утрото започна масивно руско ракетирање на десетина градови во западна и централна Украина, во кои според извештаите има најмалку пет жртви и големи штети врз клучната инфраструктура, поради што има прекини во снабдувањето со струја и вода.
Покрај тоа, рускиот челник ја обвини Украина и за акти на „нуклеарен тероризам“, односно за гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, која од почетокот на март е под контрола на руските сили е се наоѓа во делот од јужната украинска област Херсон во кој тамошното мнозинско руско население изгласа присоединување кон Русија, што Киев и Западот го сметаат за нелегална анексија.
Путин денеска исто така предупреди дека украинските сили се обиделе да изведат диверзии врза нуклеарната централа во Курск, која се наоѓа на територијата Руската Федерација.
„Специјалните служби на Украина извршија веќе три терористички акти против нуклеарната централа Курск во Русија, постојано уривајќи ги високонапонските водови на централата. Во третиот таков напад, три такви линии беа оштетени одеднаш. Со преземените мерки во најкус можен рок беше отстранета штетата…“, рече Путин.
Рускиот челник, исто така, зборуваше и за обидите на украинските власти да кренат во воздух една од делниците на гасоводот Турски тек.
„Киевскиот режим со своите постапки всушност се стави на исто ниво со меѓународните терористички групи, со најодвратните групации. Таквите злосторства едноставни е невозможно да бидат оставени без одговорот“, истакна Путин.
Рече и дека руските трупи задале огромен удар врз енергетските, воено командните и комуникациските објекти во Украина.
„Доколку продолжат обидите за изведување терористички напади на нашата територија, одговорот на Русија ќе биде жесток и во размери коишто ќе соодветствуваат на нивото на заканите за Руската Федерација. Никој не треба да се сомнева во тоа“, заклучи Путин.
Украинските медиуми во понеделникот наутро почнаа да известуваат за експлозии во Киев и во регионот на Киев, а под ракетни напади беа и Харков, Одеса, Дњепар, Лвов и Лвовската област, Ивано-Франковск, Тернопил, Хмелницк, Конотоп, Ривне и Полтава. Покрај тоа, канцеларијата на Зеленски објави напади врз енергетски објекти во Запорожје, Виница, Суми и Житомир. Претседателот на Украина., Владимир Зеленски изјави дека ракетните нападио не стивнуваат низ цела Украина.
Зеленски ја обвини Русија дека се обидува неговата земја „да ја избрише од лицето на земјата“.
„Се обидуваат да нѐ уништат и избришат од лицето на земјата… да ги уништат нашите луѓе кои спијат дома во градот Запорожје. Да ги убијат нашите луѓе кои одат на работ во Дњепар и Киев. Сирените за воздушна тревога се слушаат ширум Украина. Проектилите гаѓаат. За жал, има мртви и ранети“, изјави Зеленски на апликацијата за размена на пораки Telegram.
Според премиерот на Украина Денис Шмихал, станува збор за штета на најмалку единаесет важни објекти во осум региони. Од Укренерго соопштија дека можни се прекини на струја низ целата земја.