Путин: Ако Западот дозволи Украина да ја напаѓа Русија, значи дека НАТО е во војна со Русија

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека ако Западот ѝ даде дозвола на Украина да напаѓа подлабоко во руската територија со ракетите со долг дострел што ги добила, тоа би значело дека „земјите на НАТО се во војна со Русија“.

„Доколку се донесе оваа одлука, тоа би значело директно вклучување на земјите од НАТО во војната во Украина и би ја променило самата природа на конфликтот“, рече Путин, според видео на Телеграм.

„Директното учество на западните земји во конфликтот во Украина ја менува својата суштина и Русија ќе биде принудена да носи одлуки врз основа на вака создадените закани, изјави Путин.

„Ова ќе значи дека земјите од НАТО, САД и европските земји се во војна со Русија. И ако тоа се случи, тогаш, земајќи ја предвид променетата природа на конфликтот, ќе донесеме соодветни одлуки врз основа на заканите што ќе се создадат“, рече Путин.