Путин: Американски хакери би можеле да ѝ подметнуваат на Русија

Американски хакери би можеле да подметнуваат лажни докази дека Русија се мешала во претседателските избори во САД, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за телевизијата Ен-Би-Си.

– Хакерите може да се наоѓаат каде било. Може да бидат во Русија, во Азија, па дури и во Америка. Патем, тоа дури би можеле да бидат и хакери од САД, кои многу вешто и професионални и ја префрлаат вината на Русија, рече Путин.

Тој во интервјуто нагласи дека е сосема можно да се случи нешто такво и дека било сосемо погодно во текот на политичката борба во јавноста да се пласираат информации за руско мешање.