Само неколку дена по гласините за здравјето на Владимир Путин и наводната Паркинсонова болест, се појави нова приказна која се рашири на социјалните мрежи, имено рускиот лидер Владимир Путин, наводно, ќе биде принуден да се откаже од контролата врз војната во Украина, бидејќи наводно ќе оди на операција поради рак.
На телеграмскиот канал General SVR беа изнесени непотврдени тврдења, каде што беше кажано дека Николај Патрушев, секретар на Советот за безбедност на Русија, ќе го смени својот лидер за време на неговото присилно отсуство, пренесуваат британските Daily Mail и Express.
Патрушев (70) се смета за клучен „архитект“ на досегашната воена стратегија – и човек кој го убеди Путин дека Киев е прегазен од неонацисти.
Овие непотврдени тврдења се појавија на популарниот телеграмски канал General SVR, кој наведува дека неговиот извор е добро позиционирана личност во Кремљ.
Тој, наводно, ја одложил операцијата, која сега нема да се одржи пред Денот на победата, на Црвениот плоштад на 9-ти мај.
Каналот Telegram претходно покрена прашања за здравјето на Путин. особено се тврдеше дека рускиот претседател боледувал од Паркинсонова болест пред 18 месеци.
Една неодамнешна објава на каналот SVR General напиша: „Рускиот претседател Владимир Путин има онколошки проблеми, а најновите проблеми идентификувани при неговиот неодамнешен преглед се поврзани со оваа болест“.
Веста доаѓа во време на британските шпекулации дека Путин наводно ќе започне сеопфатна војна низ Украина и ќе нареди масовна мобилизација на работоспособни мажи, што претставува значителен политички ризик.
Операцијата претходно беше закажана за втората половина на април, но беше одложена, тврди рускиот канал SVR, финансиран од западни извори.