Путин ѝ честиташе на војската за заземањето на Авдеевка

Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе во саботата на воените единици и на нивниот командант за заземањето на Авдеева, градот во отцепениот источен регион Доњецк.

„За исклучителното воено дејство, ја изразувам својата благодарност на сите единици под ваше водство кои учествуваа во борбите за Авдеевка“, се наведува во пораката на Путин до командантот на групацијата Центар руски војски во Украина, генерал-полковникот Андреј Модвичев.

Путин, исто така, им оддаде почит на сите војници кои загинаа во текот на војната која влегува во својата трета година. „Вечна слава на хероите кои паднаа во битка додека ги решаваа проблемите на специјалната воена операција!“,  се наведува во телеграмата која ја цитираат руските новински агенции.

Претходно во Кремљ, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го известил Путин за целосно преземање на Авдеевка од страна на групата трупи Центар. Оваа населба во близина на Доњецк беше силно утврден одбранбен центар на украинските вооружени сили.

Авдеевка, се наоѓа на 76 километри југоисточно од Бахмут, за кој минатата година се водеа исто така жестоки битки со многу загинати на двете страни. Овојпат руските сили се определија за стратегијата на делумни опколувања на помалите украински единици оставајќи им простор за повлекување за да се избегнат големи жртви. Целта на руската офанзива во областа на Авдеевка беше украинските сили да бидат потисната кон централните области на Украина за да се спречи гранатирањата врз градовите под руска контрола Доњецк, Јасиноватаја и Макеевка.

Како што соопшти руското Министерство за одбрана, како резултат на операцијата е заземена површина од 31,75 метри квадратни километри, непријателските загуби во битките за Авдеевка во изминатите 24 часа изнесуваа повеќе од 1.500 војници. Заземањето на градот овозможи да се оддалечи линијата на фронтот од Доњецк, кој е на само 20 километри, чии населби беа континуирано под артилериски оган на украинските сили.