Рускиот претседател коментирајќи ги саракстичните шеги на негова сметка на неодамнешниот самит на Г7 во Германија рече дека би бил „одвратен призор“ доколку седумте челници би ја соблекле облеката.
Пред почетокот на самитот на Г7 во германски Шлос Елмау во неделата, челниците на земјите од групата Г7 додека позираа за групната фотографија се шегуваа на честите фотографии на Путин без маица кога зема кратки одмори во дивината, на кои сѐ уште се гледа мускулесто тело и покрај неговата возраст.
„Не знам како планирале да се слечат, над или под појасот.“, изјави Путин за новинарите во средата ноќта во текот на посетата на Туркменистан и додал дека мисли дека „тоа во секој случај би бил одвратени призор“.
Путин потоа ги советуваше челниците на Г7 дека физичката активност и помалку алкохол се потребни за складност меѓу телото и душата, пренесува агенцијата ТАСС.
Британскиот премиер Борис Џонсон во неделата, додека седеше заедно со колегите од Г7 на тркалезната маса, запраша дали треба за фотографијата да ја задржи јакната.
„Мораме да покажеме дека сме поцврсти од Путин“, рече Џонсон.
Канадскиот премиер Џастин Трудо продолжи во обидот да се биде духовите велејќи дека за тоа би било потребно да „јаваме коњ голи до појасот“, алудирајќи на честите фотографи на Путин во природа, како онаа на која јава коњ без маица.
„Ох, да. Јавањето е најдобро“, се надоврза пшретседателката на Европската комисиај, Урсула фон дер Лејен.