Путин да си ги брани луѓето што зборуваат руски во својот дом, не низ целиот свет

Претседателот на Украина Володимир Зеленски, објави нова видео-порака во која вели дека одбранбените линии на Украина се задржуваат, но додека дека од ноќеска на полноќ без прекин руските сили ги гранатираат украинските градови.

-Немаме што да загубиме освен сопстевната слобода, вели Зеленски додавајќи дека Украина секојдневно добива помош во оружје од нејзините сојузници.

Изјавата на Зеленски доаѓа во мигови кога се покренува истрага за можни сторени воени злосторства на руската страна поради бомбардирање цивилни цели и невооружено население.

Зеленски го повика рускиот претседател Владимир Путин да си „оди во својот дом“

Тој вели дека Путин треба да ги брани луѓето што зборуваат руски – не низ целиот свет – „туку во својот дом“.

„И таму ги има доста. Околу 150 милиони“, додава Зеленски, пренесува Би-Би-Си.

Се чини дека ова е одговор на тврдењето на Москва дека нивната акција е во одбрана на луѓето што зборуваат руски во делови на Украина.

Зеленски, исто така, ја споредува руската инвазија со вирус, велејќи дека поминаа две години откако Украина го забележа својот прв случај на Ковид: „Помина една недела откако не нападна друг вирус“.