Рускиот претседател, Владимир Путин деновиве се наоѓа во Сочи, каде ги надгледува подготовките за Зимските олимписки игри, чиј старт е закажан за три недели.
За време на состанокт со волонтерите бил прашан зошто нивните униформи се во боите на виножитото.
„Ние не забрануваме нетрадиционални сексуални врски“, вели Путин.
„Нам ни пречи пропагандата за поинакви сексуални ориентаии. Пред се’, би сакал да истакнам пропагандата над децата. Тоа се потполно две различни работи – да забраните нешто или забраните пропаганда за нешто“, вели Путин.
Тој, како што јавуват руските медиуми, додал дека Русија е полиберална од многу земји, тврдејќи дека во одредени американски држави хомосексуалноста е казнива со закон.
„Ние ништо не забрануваме и никого не протеруваме од улица, ниту се предвидени казни за такви врски“, вели рускиот претседател и и’ порачал на ЛГБТ популацијата: „Можете да бидете опуштени и мирни, но ве молам да ги оставите децата на мира“.
Претседателот на Русија, исто така, нагласил дека тие, поради рускиот закон кој што забранува хомосексуална пропаганда меѓу малолетници, не смеат да ги изнесуваат своите ставови за правата на хомосексуалците пред лица помлади од 18 години.
Да потсетиме, во Русија лани стапи насила закон што забранува секаков вид пропаганда на хомосексуализмот.