Рускиот претседател Владимир Путин изјави ноќта кон вторникот дека Москва „ќе стори сѐ да се изнајде компромис“ и да се заврши украинската криза, но дека ќе продолжи да бара од Западот да одговори на главните руски безбедносни барања, апострофираат во вторникот западните новинска агенции во извадоците од прес-конференијата на рискиот челник кој во Москва имаше шестчасовни разговори со францускиот претседател Емануел Макрон,
„Од наша страна, ќе сториме сѐ да изнајдеме компромиси кои можат да ги задоволат сите“, цитиран е Путин од Reuters и додаде дека ниту тој ниту Макрон сакаат војна меѓу Русија и НАТО, во којашто „нема да има победник“.
„Мораме да пронајдеме решение за излез од оваа ситуација“, ја пренесува AFP изјавата на Путин од заедничката прес-конференција со Макрон во Кремљ.
Во извештајот се наведува дека Западот од крајот на минатата година ја обвинува Русија за трупање на повеќе од 100.000 војници во близина на украинската армија поради потенцијална инвазија, но дека Русија тоа го негира и бара гаранции за сопствената безбедност.
Главните руски барања е Украина да не стане членка на НАТО и НАТО да не разместува офнзивно оружје во близина на руската граница, се додава во агенцискиот извештај.
Путин рече дека Русија ќе продолжи да бара одговори од Западот на своите главни безбедносни барања, иако САД и НАТО ги „зобиколиле“ во официјалните преговори кои во јануари ѝ се испратени на Москва.
И покрај тоа, рускиот претседател вели дека „дијалогот не е завршен“. Додаде дека Вашингтон и Брисел отвориле некои прашања за кои би можело да се разговара, иако тие за Русија се споредни, пренесува DPA.
Францускиот претседател Макрон, пак, верува дека дипломатијата ќе даде резултати.
„Заедно.. Сигурен сум дека ќе оствариме резултат, дури и доколку тоа не биде лесно“, рече Макрон.
Францускиот претседател, кој веројатно повторно ќе се кандидира на изборите во април, се позиционира како потенцијален медијатор во украинската криза, забележува Reuters.
„Следните неколку седмици ќе бидат решавачки и ќе бараат дискусии кои заедно ќе ги водиме“, рече Макрон кој на Путин му порачал дека „нема безбедност за Европејците ако нема безбедност за Русија“.
Путин во понеделникот ја повика Украина да ги почитува одредбите од договорите од Минск од 2014 и 2015 година.
„Што се однесува до договорите од Минск, без разлика дали се актуелни или не и имааат ли шанси илин не, верувам дека едноставно нема друга алтернатива“, одговори рускиот претседател.
Путин разговорите со Макрон кои траеја речиси шест часа претходно ги опиша како „полезни и содржајни“, и откри дека Макрон на разговорите зад затворени врати изнел неколку „реалистични“ идеи во врска со безбедноста.
„Неколку негови идеи, предлози, за коишто веројатно сѐ уште е прерано да се зборува, мислам дека можат да станат основа за нашите натамошни заеднички чекори“, повтори Путин.
Макрон и Путин повторно ќе разговараат телефонски, откако подоцна во вторникот францускиот претседател ќе се сретне со челниците во Киев.
Макрон во Москва го пофали украинскиот претседател Владомир Зеленски што успеал „да задржи студена глава“ и покрај големиот број руски војници близу украинската граница.
По посетата на Москва и Киев, Макрон заминува за Берлин на средба со германскиот канцелар Олаф Шолц кој во понеделникот во Вашингтон разговараше за украинската криза со американскиот претседател Џо Бајден.