Путин го фали Трамп, обинувањата дека Русија се вмешала во изборите во САД ги спореди со советски филм

© РИА Новости / Алексей Дружинин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во петокот дека неговиот американски колега по должност Доналд Трамп водел подобра претседателска кампања од Хилари Клинтон и дека американските разузнавачки служби многу лесно можеле да ги лажираат наводните докази дека Русија ја хакирала нејзината Демократска партија.

Американските разузнавачи тврдат дека наводно Русија се обидела да се вмеша во американските претседателски избори во 2016 година хакирајќи ги ривалите на Доналд Трамп, обвинување коешто го продлабочи политичкиот скандал дека Трамп наводно одржувал недозволени контакти со Москва, што овој ги отфрла.

Дикутирајќи се на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека обвинувањата за наводното хакирање претставува само „штетен трач“ кој ги нарушува односите и глобалната безбедност.

Додаде дека лично ги прегледал американските разузнавачки извештаи и тврди дека во нив нема никакви „значајни докази“.

Идејата дека хакирањето е изведено од руски IP адреси се апсурдни, вели Путин.

„IP адресите може да се лажираат… Така може да се лажира сé и да се обвини кој и да е. Тоа не се докази“, истакна рускиот претседател.

Путин, кој со Трамп првпат треба да се сретне во јули на самитот на Г20 во германски Хамбург, смета дека американскиот претседател подобро се поврзал со избирачите отколку неговата противкандидатка Хилари Клинтон. Додаде дека нејзините приврзаници за неуспехот сега се обиуваат да ги обвинат Русите.

„Меѓутоа, проблемот не е во нас, проблемот е некаде внатре во американската политика“, рече Путин.

Рускиот претседател подеднакво решително ги отфрла обвинувањата за постоење на некаков таен договор меѓу Москва и Трамп пред инаугурацијата на новиот американски претседател на 20 јануари.

„Тука нема ништо, нула. Станува збор за хистерија“, истакна Путин одговарајќи на прашањето на модераторот на форумот, новинарката на американската елевизиска мрежа NBC News, Меган Кели, којашто кажа дека имала увид во некласифицираната верзија од извештајот.

Ваквите обвинувања против Москва за вмешување во американските и други странски избори, Путин ги спореди со сцени од советскиот филм „Луѓе и кукли“. Истакна дека во споменате извештаи не постои ништо конкретно, нема тема на којашто треба да се дискутира.

„Како што зборуваа во една организација во којашто порано работев: адресаи, јаввувања, имиња давајте. Каде е сето тоа?“, рече Путин, инаку поранешен офицер на советската тајна служба КГБ.

Според Путин, исто така, не постојат ниту независни извори. „И последните кадровски именувања во вашите (американски – з.р.) специјални служби говорат за тоа дека сé уште има само претпоставки“, додаде рускиот претседател одговарајќи на прашањето за извештајот на САД за руското мешање во тамошниот изборен систем.