Путин ги обвини САД за тензиите во Европа

Одговорноста за сложената ситуација последните месеци во Европа лежи на САД кои се повлекуваат од договорите за стратешката стабилности, како и на проширувањето на НАТО кон руските граници, изјави во вторникот рускиот претседател Владимир Путин.

Во обраќањето пред високите воени функционери Путин оцени дека Западот неисправно го вреднувал крајот на идеолошката Студена војна и порача дека Русија „соодветно“ ќе одговори на секоја западна агресија, како и дека ќе продолжи ја развија и јакне својата армија,

Покрај тоа, Путин потсети дека САД во 1990-те години го поддржувале сепаратизмот на Кавказ преку терористите.

„Понекогаш се прашувате зошто го сторија сето тоа во тие услови, и не е јасно. Сметам дека стануваше збор за еуфорија од таканаречената победа во Студената војна. Поради неправилната, неточна процена на тогашната ситуација и неграмотното погрешна анализиа за можните опции на развојот на ситуацијата… “, рече Путин.

Рускиот челник оцени и дека САД се придружуваат до нормите на меѓународното право и Повлбата на ОН само кога тоа им е ним од полза, но веднаш забораваат на нив доколку не им одговараат на нивните интереси и „веќе заморуваат со таквите манипулации“.

Путин повтори и овојпат дека доколку НАТО продолжи со приближувањето кон руските грани и особено доколку распореди свои сили во Украина со што, како што илустрираше, летот на конвенционалните и хиперсоничните прокетили ќе се движи од десет до само пет минути кон цели во Русија, тоа ќе претставува голем предизвик за Москва.

„Загрижени сме поради трупањето на воени групации на САД и НАТО непосредно до руските граници, како и одвивањето бројни вежби, меѓу кои и ненајавени. Крајно загриже и сме и поради распоредувањето на американскиот глобален противракетен систим близу Русија“, рече Путин.

Покрај тоа, предупреди Путин, САД можат да ја вооружуваат Украина и со тоа да ги поттикнуваат екстремистите во разни регион на Русија, на пример кон Крим.

На истиот состанок, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, изјави дека САД распоредиле најмалку 8.000 војници близу руските граници заедно со своите сојузници во НАТО и дека често близу руската државна територија изведуваат летови со стратешки бомбардери.

Обидите на НАТО да ја вклучат украинската војска во активностите на Алијансата претставуваат закана за руската безбедност, оцени Шојгу.

Путин, исто така, истакна дека Москва со предлозите за постигнување правно обврзувачки договор за неширење на НАТО на истокот не бара посебни услови за себе.

„Русија се залага за еднаква и недделива безбедност во целиот евроазиски простор“, нагласи Путин и додаде дека е неопходно од САД да се добијата правни безбедносни гаранции а не само усни уверувања.

„Во таа смисла му предложив на американскиот претседател почеток на преговори за изработување конкретни договори. Во текот на разговорот всушност тој предложи да се назначат одговорни лица за оваа сфера. Како одговор на неговиот предлог ние испративме предлози кои ќе го исклучат натамошното проширување на НАТО на истокот и распоредување офанзивно ударно оружје во нашите соседни земји“, рече Путин.

Претходно во вторникот висок руски дипломат изјави за западните медиуми дека започнале контактите меѓу Москва и Вашингтон за безбедносните гаранции кои ги бара Русија, како и дека постои можнсота двете земји да постигнат договор.