Путин ги стави нуклеарните сили на висок степен на приправност

Рускиот претседател Владимир Путин во неделата, како одговор на „агресивните изјави“ од Западот, наложил сулите за одвраќање на руската армија да бидат ставени во посебен режим, соопшти Кремљ.

„Високите функционери на водечките земји на НАТО, исто така, си дозволуваат агресивни изјави против нашата земја, и затоа им наложив на министерот за одбрана и на началникот на Генералштобот да ги пренесат силите за одвраќање на руската армија во посебен режим на борбена должност“, изјавил Путин.

Рускиот челник имал средба во Кремљ со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштаноти на руските вооружени сили, Валериј Герасимов.

Путин оценил дека новите санкции на западните земји, како и претходните, не се легитимни. Предупредил дека високи функционери од Западот даваат сѐ поагресивни закани и изјави против Русија.

„Како што гледата, не се западните земји единствените кои преземаат непријателски мерки. Тоа не се однесува само на нелегалните санкци, туку и на агресивните изјви на земјите од НАТО кон нашата земја“, рекол Путин.

Реакцијата на рускиот претседател следува откако во саботата низа земји членки на НАТО најавија големи пратки на оружје за украинската армија, а шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, во неделата најави дека ќе предложи испораки на смртоносно оружје за Украина финансирани од специјалните европски фондови.

Силите за одвраќање се единици кои би требало да обехрабрат напад врз Русија, вклучително и војна која би имплицирала употреба бна буклеарно оружје, соопшти руското министерство за одбрана. Опремени се со проектили, стратешки бомбардери, подморници и бродови со нуклеарни вооружување.

Путин по почетокот на офанзивата во Украина предупреду дека сите кои ќе се обидат да ја спречат Русија „ќе се соочат со последици какви што не виделе во својата историја“. Многумина на Запдот тоа го протолкува како закана со нуклеарно оружје.

Подигнувањето на припрановста на стратешките сили претставува предупредување, тоа овозможува побрзо лансирање на нуклеарни проектили, но тоа не значи дека постои намера да бидат употребени, коментира BBC.

Русија, според тврдењата на САД и НАТО, има најголема резерва на нуклеарно вооружување во светот, но според BBC во Мисква исто така знаат дека НАТО има сосема доволно да ја уништи. Целта на оваа наредба веројатно е обид да се обесхрабри НАТО во военото помагање на Украина и да се предизвикаат стравување за тоа колку далеку Путин е подготвен да оди.