Путин: Глобалната криза со храна е последица на кратковидната политика на европските земји во енергетскиот сектор

„Обидите на Западот да ја префрли одговорноста за проблемите на светските пазари за храна и енергија на Русија, се без секаква основа, бидејќи неповолната ситуација почна да се формира многу пред специјалната воена операција на Руската Федерација во Донбас и Украина“, изјави во последното интервју за ТВ Русија-1, рускиот претседател, Владимир Путин, објави Фактор.

„Неповолна ситуација на пазарот на храна почна да се формира во февруари 2020 година за време на сузбивањето на последиците од пандемијата на корона вирусот. „Финансиските и економските власти на Соединетите држави не најдоа ништо подобро тогаш отколку да започнат со инјектирање големи суми пари за поддршка на населението, компаниите и секторите на економијата“, рече Путин.

Тој истакна дека руските власти генерално го направиле истото, но многу повнимателно:

„Во Соединетите држави, сепак, за помалку од две години – од февруари 2020 до крајот на 2021 година – паричната маса се зголеми за 5,9 трилиони долари. Вкупниот пораст на паричната маса изнесува 38,6%. Американските финансиски власти, очигледно, тргнале од претпоставката дека доларот е светска валута и дека, како во старите времиња, ефектите (печатењето пари) ќе се рашират низ светската економија, а тоа нема да се почувствува во Соединети Држави. Се испостави дека тоа не е така, односно дека се работи за грешка која нема никаква врска со акциите на Русија во Украина. Тоа беше првиот чекор, многу сериозен, кон развој на неповолна ситуација на пазарот на храна, бидејќи цените на храната пораснаа“.

Друга причина за глобалната криза со храна, убеден е рускиот лидер, е кратковидната политика на европските земји во енергетскиот сектор:

„Таа политика доведе до криза и зголемување на цените на енергенсите и нафтените деривати. Конкретно, негативните трендови на енергетскиот пазар поттикнаа шпекулации и промовирање на зелена агенда со забрзано преминување кон алтернативни извори. Многу политички сили во САД и Европа почнаа да шпекулираат и промовираат агенда за зелена енергија. Тоа е добро, но лошо е што се преценети можностите за алтернативна енергија – соларна, ветер и водород. Тоа е ветувачко, но денес ја немаме таа енергија во потребните количини, ниту во квалитет и по соодветни цени. Потоа почнаа да ги потценуваат можностите на традиционалните видови енергија, вклучително и јаглеводородите. До што доведе тоа: банките престанаа да даваат заеми, осигурителните компании престанаа да ги осигуруваат таквите трансакции, локалните власти престанаа да издаваат земјиште за да го прошират производството, ја намалија изградбата на специјализиран транспорт, вклучително и цевководи. Резултатот е пораст на цените“.

Како што растеа цените, продолжи Путин, растеа и цените на ѓубривата, бидејќи дел од ѓубривата се произведуваат со природен гас.

Коментирајќи ги тврдењата дека Русија не дозволува извоз на украинско жито, претседателот на Руската Федерација нагласи дека тоа е блеф:

„Во светот секоја година се произведуваат околу 800 милиони тони житарки. Сега велат дека Украина е подготвена да извезе 20 милиони тони. Во однос на глобалниот показател тој е 2,5%. Ако тргнеме од фактот дека пченицата, според ОН, сочинува само 20% од вкупната количина на храна во светот – тоа значи дека 20 милиони тони украинска пченица е 0,5%. Односно, прво и второ, 20 милиони тони се само потенцијален извоз. Денеска американските власти соопштија дека Украина може да извезе 6 милиони тони пченица. Според нашето Министерство за земјоделство, не се работи за 6, туку за 5 милиони тони и 7 милиони тони пченка. Тоа не е многу“.

Тој посочи дека Русија во тековната земјоделска година ќе извезе 37 милиони тони, а во 2022-2023 година планира да го зголеми извозот на 50 милиони тони житни култури.

„Завршуваме со деминирање пред Мелитопол и Бердјанск. Украинските војници таму поставија мини во три слоја. Ќе ја создадеме потребната логистика. Ова ќе биде втор „пат до житото“. Можно е и извоз на жито од Украина преку Дунав и преку Романија. Четврто, тоа е можно преку Унгарија. Петто, тоа е можно преку Полска. А наједноставното е преку Белорусија. Но, ќе биде неопходно да се укинат санкциите кон Белорусија. „Сè на сè, нема проблеми со извозот на жито од Украина.