Рускиот претседател, Владимир Путин, формално го информирал рускиот парламент околу барањето Крим да се обедини со Русија, соопшти денеска Кремљ.
Путин за тоа го информирал и горниот и долниот дом на парламентот како што налага Уставот на Русија.
Рускиот претседател потпишал указ за признавање на независноста на Крим.
Указот стапува на сила на денот на неговото потпишување.
Според конечните резултати од референдумот на Крим, одржан на 16-ти март, за обединување на Крим со Русија, гласаа 96,7 отсто од гласачите, а 2,51 отсто од нив се залагаат за тоа Крим да остане во состав на Украина.