Рускиот претседател Владимир Путин ги повика во петокот земјите, особено оние од ткн колективен Запад, да престанат во своите политики да го користат „економскиот егоизам“ и незаконските санкции, посочувајќи на „системските грешки“ на водечките светски економии.
„Нашата организација има неблоковски карактер, соработуваме во надминувањето на растечките проблеми со енергијата и храната во светот кои се јавуваат како резултат на бројните системски грешки во водечките светски економии во областа на финансиите и енергетиката“, изјави Путин во рамките на самитот на Шајганската организација за соработка (ШОС – SCO).
Зборувајќи пред дваесеттина челници од земји од сите континенти, Путин во узбекистански Самарканд рече и дека Русија не пројавува каква и да „себичност“. Меѓу другото, Путин тоа го илустрираше тоа со пораката дека Русија е подготвена бесплатно да испорачува ѓубрива за земјите во развој.
„Завчера го информирав господин (генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио) Гутереш дека во пристаништата на Европската унија се натрупаа 300.000 тони руски ѓубрива. Подготвени сме бесплатно да ги предадеме на земјите во развој“ рече Путин.
Тој во разговорот со челникот на ОН посочи дека само незначителен дел од храната која според договорот се извезува од Украина завршува во сиромашните земји на кои им е најпотребна.
„Се надеваме дека и другите учесници во економската соработка ќе ги изградат своите политики на истите принципи и ќе престанат да ги градат своите политики врз истите начела и ќе престанат да ги користат инструментите за протекционизам, незаконски санкции и економски егоизам за остварување на своите цели“, истакна рускиот челник.
Претходно во четвртокот на средбата со кинескиот челник Кси Џинпинг, Путин ги осуди обидите на Западот да го наметне „еднополарниот свет според своите правила“, а Кси порача дека Кина сака да ја преземе својата улога на „голема сила“ заедно со Русија, што предизвика нервозна реакција во Вашингтон.
Шангајската организација за соработка е осмислено како безбедносно тело на земјите во централна Азија, кое брзо се шири и коешто го основаа Кина и Русија,во која во четвртокот полноправвни членство побара и Иран.
Организацијата е формирана во 2001 година како механизам со кој Кина и Русија соработуваат со поранешните советски република во централна Азија, но пред четири години почна да се шири и на индискиот потконтинент со Индија и Пакистан, со цел да се зајакне противтежата на влијанието на Западот во регионот.
Членки на организацијата се Кина, Русија, Индија, Казахстан, Киргистан, Пакистан, Таџикистан и Узбекистан. Азербејџан, Ерменија, Камбоџа, Непал, Турција и Шри Ланка, пак, се земји партнери на ШОС.
На виртуелниот самит на ШОС во Душанбе во септември 2021 година, започна процедурата за приемот на Иран во организацијата и доделување статус партнер во дијалогот на Египет, Катар и Саудиска Арабија. Годинава Белорусија и Монголија официјално поднесоа барање за приклучување кон ШОС како полноправни членки.