Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот го предупреди Западот дека ја турка Русија на „црвената линија“, ситуација што тој јавно ја објави дека нема да ја толерира и рече дека Москва ќе биде принудена да одговори.
Путин на состанокот со претставници на одбраната рече дека Русија со загриженост го следи развојот на ситуацијата во врска со САД и потенцијалното распоредување на американски ракети со кус и среден дострел во Европа.
„Тие (западните лидери) едноставно го плашат сопственото население дека ќе нападнеме некого таму користејќи го изговорот за митска руска закана“, рече Путин.
„Тактиката е многу едноставна: нè туркаат на ‘црвена линија’ од која не можеме да се повлечеме, ние почнуваме да одговараме а тогаш тие веднаш го преплашуваат нивното население – некогаш тоа беше советска закана, сега е руска закана“, рече Путин.
Предупреди и дека Русија ќе ги укине сите свои доброволни ограничувања за распоредување проектили, доколку САД продолжат и распоредат такви ракети.
Путин, кој вели дека руските сили во Украина досега презеле контрола врз 189 населени места, рече дека руското нуклеарно оружје постои поради одвраќање на потенццијална агресија кон Русија.
Путин рече дека големиот број луѓе кои доброволно се приклучуваат на руската армија го насочија текот на војната во Украина во полза на Москва и рече дека се надева дека армијата ќе продолжи да напредува, операција која започна оваа пролет со бавно но континуирано напредување кое последните месеци доби на забрзување.
„Би сакал веднаш да истакнам дека минатата година беше пресвртна точка во постигнувањето на целите на специјалната воена операција (во Украина), им рече Путин на највисоките генерали.
„Руските сили цврсто ја држат стратешката иницијатива долж целата линија на контакт. Само оваа година се ослободени 189 населени центри“, додаде тој.
Посочи дека 430.000 Руси потпишале воени договори оваа година, од 300.000 претходната година.
„Овој проток на доброволци не запира. И благодарение на тоа… гледаме пресвртница на линијата на фронтот“, рече Путин.
Андреј Белоусов, министерот за одбрана на Путин, рече дека Украина згубила осега милион војнии, како и дека руските сили ги потиснале украинските сили од речиси 4.500 квадратни километри територија оваа година и напредуваат во просек по 30 квадратни километри на ден.
Белоусов, исто така, рече дека руското воено планирање мора да биде подготвено за секое сценарио, вклучително и најекстремните, како потенцијален конфликт со НАТО во Европа во следната деценија.