Претседателите на Русија и Путин, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган разговараа во средата за новото насилство на северозападот на Сирија и потенцијалното зголемува на продажбата на руските воени одбранбени системи на Анкара, во период на турските контроверзни изјави за просоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Руската Федерација како и повтореното противење на САД на турско-руската воена соработка.
Разговорите се одржани во руското црноморско летувалиште Сочи, а Кремљ објави дека Путин ја завршил својтата самоизолација за средбата со турскиот колега.
И двајцата челници не дадоа подетални изјави за медиумите по средбата, иако Путин му се заблагодари на Ердоган за посетата која ја опиѓа како „корисна и содржајна“,.
Турски функционери пред средбата брифираа дека Ердоган „ќе го притисне“ Путин да се врати на прекинот на огнот кој беше договорен минатата година за да се спречат операциите на сириската војска против бунтовниците кои ги поддржува Турција во сирискиот регион Идлиб.
„Многу се важни чекорите кои заеднички ги преземаме во врска со Сирија. Тамошниот мир зависи од турско-руските односи“, му рече Ердоган на Путин пред почетокот на разговорите.
Путин во воведните коментари само кусо се осврна на Сирија, велејќи дека тоа е една од областите во кое двете земји доста успешно соработувале. Рускиот челник рече дека преговорите со Турција понекогаш се тешки, но дека двете земји научиле да изнајдат компромиси кои одат во двострана полза.
На дневниот ред била и потенцијалната туска набавка на дополнителни батерии од противракетниот руски систем С-400 на што САД остро се спротиставуваат. Ердоган на Путин му рекол дека сака да ја разгледа натамошната одрбанбена соработка и покрај американските приговори и закани.
„На Генералното собрание на ОН, типични личности посебно нѐ испитуваа за одредени прашања, секако. И онака им го дадовме неопходниот одговор. Не е можно да се поништат чекорите кои веќе ги преземавме. Особено веруам во ова: за нас од голема важноста е да продолжиме да гио јакнеме турско-руските односи секој ден“, рекол Ердоган.
Ердоган минатата седмица јасно порача дека Турција сѐ уште има намера да ја набави втората серија од системие С-400 и додаде дека ниедна земја не може да ѝ ги диктира потезите на Анкара.
Турција, по повеќегодишното одбивања на нејзините западни сојузници да ѝ оспорачаат системи за заштита на нејзиниот воздушен простор и откако под притисокот од НАТО го раскина договорот со Кина за противракетен систем, во 2017 година склучи договор со Русија за испорака на напрдните системи „С-400“.
Одлуката на Анкара предизвика остро спротиставување од САД и НАТО како целина, и постојани притисоци за откажување на договорот со Москва за нејзините системи за противвоздушна одбрана. Откако Турција не попушти под притисоците и веќе ги доби и тестираше првите две батерии на „С-400“, Вашингтон ја исклучи Анкара од американската партнерска програма за развој и производство на ловиците-бомбардери од петтата генерација „F-35“.
Иако САД повремено изминатите години во врска со овој проблем ѝ се закануваше на Турција со воведување еднострани санкции, Вашингтон не брзаа со преземање на таквите дејствија, стравувајќи во прв ред од натамошното влошување на односите со клучниот сојузник во НАТО, а санкции беа воведени во декември 2020 години, еден месец пред стапувањето на должност на сегашнито американски претседател Џо Бајден. Анкара притоа редовно одговараше дека евентуалните американски рестрикции нема да ги остави без свој одговор.