Путин и Ердоган телефонски разговораа

Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, телефонски разговараа околу руските предлози за безбедносни гаранции на САД и НАТО во однос на Русија, соопшти прес-службата на Кремљ.

Двајцата лидери се осврнале и на ситуацијата во Кавказ, Сирија и Либија, пренесува РИА Новости.

Путин и Ердоган ја потврдија својата намера за натамошно интензивирање на заемно корисното партнерство меѓу двете земји и ги сумираа главните резултати од билатералната соработка.