Путин и Конте разговарале за соработка, Либија и Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со италијанскиот премиер Џузепе Конте за мирно решение на либиската криза.

Тие разговарале за ситуацијата во Либија и двете страни ја истакнале потребата мирно да се реши кризата, соопшти прес-службата на Кремљ.

Путин и Конте разговарале и за ситуацијата во Сирија, како и за билатерални прашања.

Тие ја потврдиле меѓусебната посветеност за развој на руско-италијанската соработка, додаде Кремљ.