Путин и Кси ги повикаа Г20 на меѓусебнo одобрување на вакцините за Covid-19

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега по должност Кси Џинпинг на самитот на дваесетте најразвиени економии во светот Г20 во саботата повикаа на забрзување на меѓусебното одобрување на вакцините против Covid-19.

Путин на состанокот на врвот на челниците на Г20 кој викендов се одржува во Рим, престолнината на Италија којашто претседава со самитот, учествува виртуелно поради лошата епидемиолошката ситуација во земјата и Еврпа, како што од претходно најавија од Кремљ. Инаку, ова е првпат повеќето лидери на Г20 да се среќаваат во живот откако започна пандемијата.

Рускиот претседател во своето обраќање рече дека Светската здравствена организација (СЗО – WHO) мора да биде побрза во одбрувањето на вакцините. Оваа агенција на Обединетите нации сѐ уште не ја одобри руската вакцина „Спутник V“ и покрај тоа беше првата во светот која доби одобрување за употреба и е одобрена и се користи во 70 земји на сите светски континенти а во неколку и се произведува, што Москва го оценува како политиканство на штета на светското здравје и форсирање на западните вакцини.

Путин апелираше на воспоставување механизам за вакцините да може да се ажурираат во согласност со новите соеви на коронавирусот. Рускиот челник, исто така, не ја пропушти можноста да го критикува „протекционистичкиот“ став на некои западни земји кон вакцините.

Европската агенција за лекови (ЕМА) претходно во октомври објави дека нама да ја одобри вакцината „Спутник V“ оваа година, наводно затоа што не поседувала доволно податоци и покрај низата меѓународно истражувања за ефикансноста и безбедноста на оваа вакцина изведени во Северна и Јужна Америка. ЕМА, исто така, сѐ уште нема намера да ги одобри и кинеските вакцини против коронавирусот.

Кси Џинпинг, кој на самитот на Г20, исто така, учествува преку видео-врска и не ја напушти Кина од почетокот на паднемијата на коронавирусот, повика на ист третман и меѓусебни признавања на вакцините за Covid-19 врз основа на одобрувањето на СЗО, која ги признава кинеските вакцини „Sinovac Biontech“ и „Sinopharm“.

Кинескиот претседател во своето обраќање рече дека Кина на светот му има дадено повеќе од 1,6 милијарди дози од своите вакцини и дека разговара со 16 држави за соработка во производството на вакцините.

Во продолжене на самитот се очекува да доминираат и прашањата за климатските промени, во пресрет на конференцијата COP26 под покровителство на ОН на оваа тема кој од недела се одржува во шкотски Глазгов.