12.8 C
Skopje
петок, октомври 18, 2024

Путин и Лукашенко на петчасовен состанок во Сочи за принудното слетување на авионот

Пет часа претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко разговарале за актулените теми меѓу кои и ситуацијата со авионот на Рајанер на средбата во Сочи.

Откако авионот слета, беше уапсен дисидентскиот новинар Роман Проташевич, што беше остро осудено од западните земји.пред почетокот на состанокот во Сочи, Лукашенко рече дека на претседателот на Русија ќе му покаже документи за тоа што навистина се случува во Белорусија.

Во меѓувреме, САД, заедно со Европската унија, подготвуваат санкции против клучните членови на белоруската влада по присилното приземјување на авионот.од 3 јуни, санкциите против девет државни претпријатија на Белорусија, кои забрануваат државјани на сад да одржуваат деловни односи со нив, ќе бидат обновени.