Путин и Лукашенко телефонски разговараа за ситуацијата со пандемијата

Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко телефонски разговарале за ситуацијата со пандемијата на коронавирусот, соопшти Кремљ.

„Лидерите беа брифирани за преземените мерки за борбата против вирусот и неговите последици. Александар Лукашенко посака брзо закрепнување на рускиот премиер Михаил Мишустин“, се наведува во во соопштението.

За време на разговорите, Путин и Лукашенко разговарале и за одредени прашања поврзани со интеракцијата во рамките на Алијансата на државите и се согласија и натаму да бидат во постојан контакт.