Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа преку телефон за украинскиот долг на Русија за природен гас, соопшти прес службата на Кремљ.
Путин нагласи дека и покрај сите потешкотии, руската страна ги продолжува разговорите за проблемот со гасот врз база на конструктивниот став и со цел постигнување на договор корисен за двете страни.
Новата рунда на трилатерални договори Европската Унија, Русја и Украина за проблемите насобрани во украинскиот долг за гас ќе започне денеска наместо вчера навечер, соопшти Европската комисија.
Преговорите беа одложени поради доцнење на руската делегација која ја предводи министерот за енергетика Александар Новак, се наведува во соопштението на ЕК.