Путин и Меркел за специјалниот статус на Донбас

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот се согласиле дека Украина треба на регионот Донбас, кој од 2014 година го контролираат рускојазичните бунтовници, да му даде специјален статус во нејзиниот устав, соопшти Кремљ, што е всушност една од одредбите на ткн Мински договор во форматот на Нормандиската четворка во која се уште и Украина и Франција.

Челниците на двете земји разговараа за украинското прашање во контекстот на потпишувањето на ткн „формула на Штајнамер“, за повлекувањето на силите на завојуваните страни од „пилот“ локациите во областите на гратчињата Станица Луганск и Золото, и почетокот на процесот во селото Петровское, соопшти Кремљ.

Од кабинетот на рускиот претседател се додава дека, Путин и Меркел во разговорот ја истакнале важноста од сочувување на Минските договори, како и другите спогодби насочени за мирно решавање на ситуацијата во југоисточна Украина, пренесува агенција РИА.

Не се објавени други поединости од разговорот за иднината на Донбас, но договорот за статусот на споменатиот доминатно рускојазичен и руски регион, би претставувал чекор нанапред кон самитот на „Нормандиската четворка“ во завршувањто на петгодишниот украински конфликт, пишува Reuters.

Покрај разговорите за Либан и Сирија и транзитот на рускиот гас преку украинска територија, според Кремљ, Путин и Меркел, се соглаиле и да ги координираат напорите на Москва и Берлин во „Нормандиската четворка“, но не е прецизиран датумот.

 

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во октомври рече дека Киев се согласува да му даде специјален статус на Донбас, кој се побуни во пролетта 2014 година по превратот во Киев, укинувањето на рускиот јазик како еден од службените јазици иако го зборуваат речиси повеќе од 40 отсто во целата земја, како и украинската централна власт да ги именува гувернерите на регионите. Двете самопрогласени република Донецк и Лиганс, исто така, одржаа референдуми за осамостојување и приклучување кон Руската Федерација, како и црномроскиот полуостров Крим, но Москва не ги прифати.

Зеленски, исто така, рече дека ги поддржува одржувањето на локалните избори во југоисточните региони. Напредокот во резговорите одржеани меѓу претставници на Киев и Москва на почеткот од октомври отвори можност од одржување на самите на челниците на Украина, Русија, Франција и Германија.

Одлуката на Украина со која, според договорот постигнат со посредство на западните земји, Донбас би можел да добие специјален статус и дека ќе бидат одржани локални избори, веднаш во Киев предизвика протести, со обвинувања дека Зеленски ѝ попуштил на Москва. Украинскиот претседател потоа истакна дека ги почитува уставните права на секој граѓанин на Украина на протести, но дека никогаш нема да ја предате својата земја.