Путин и Трамп разговарале за контролата во вооружувањето, Иран, пандемијата…

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега по должност Владимир Путин, во четвртокот разговараа телефонски за повеќе теми од билатералните и меѓународните прашања, соопштија кабинетите на двајцата челници.

Претходниот телефонски разговор меѓу американскиот и рускиот лидер се одржа на 1-ви јуни, кога беше зборувано и за иницијативата на Трамп Русија да биде во некоја форма вратена во рамките на Г7 од каде беше суспендирана во 2014 година поради кризата во Украина, а што наиде на негодување на другите западни земји.

Белата куќа во своето соопштение истакнува дека Трамп на Путин ми рекол дека сака да ја избегне скапата трка во вооружувањето со Русија и со Кина, како и дека се надева на напредок во преговорите за контрола во вооружувањата.

„Претседателот Трамп повторни изрази надеж дека ќе се избегне скапата тространа трка во вооружувањето меѓу Кина, Русија и САД, како и идека се надеава на напредок во скорите преговрите за контрола на вооружувањето во Виена“, соопшти во изјава портпаролот на Белата куќа, Џад Дир.

САД подолго време велат дека Кина, како растечка нуклеарна сила, треба да им се придружи на Вашигнтон и Москва во новито договор. Меѓутоа, 300-те боеви нуклеарни глави, колку што се проценува дека ги поседува Кина, се многу помалку во однос на американскиот и рускиот арсенал.

Претходно месецов кинеското министерство за надворешни работи јасно порача дека Кина би им се придружила на разговорите за контрола на стратешкото вооружување, само доколку Вашингтон е подготвен да го скастри својот нуклеарен арсенал на нивото кое го има Кина и кое е дваесет пати помал.

Како што од своја страна информира Кремљ, Путин и Трамп ја потврдиле неопходноста од одржувањето на американско-руските консултации за контрола во вооружувањето.

„Двострано беше дискутирана темата за стратешката стабилноста и контролата врз вооружувањето, земајќи ја предвид особената одговорност што ја имаат Русија и САД за одржување на меѓународниот мир и безбедност“, се вели во соопштението на Кремљ.

Во соопштението на Москва се истакнува дека „во овој контекст беше потврдена релевантоста на двостраните консултации по овие прашања, вклучително и темата за Договорот за намалување и ограничување на стратешкото офанзивно вооружување“. Исто така, „беше истакната важноста на руската иницијатива за одржување самит на државите постојани членки на Советот за безбедност на ОН за широкиот спектар меѓународни безбедносни проблеми“.

Претходно специјалниот претставник на американскиот претседател за контрола на вооружувањето, Маршал Билингсли, потврди дека новата рунда американско-руски консултации за контрола над вооружувањето ќе се одржи во Виена, како што беше претходно планирано.

Путин и Трамп имале конструктивен телефонски разговор, позитивно оценувајќи ја соработката во борбата против коронавирусот и ја искажаа намерата за развој на трговската и економската соработка, се истакнува во објавата на Кремљ.

„Ја изразија заемната предаденаот на развојот на руско-американсата трговско-економска соработка“, се наведвува во службата за информирање на кабинетот на рускиот претседател. Притоа истакнуваат дека во текот на разговорот била дадена „позитивна оцена за соработката во борбата со ширењето на заразата од коронавирусот“.

Како што претходно изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, двете земји би можеле значително да го зголемат обемот на билатералната трговија, која во минатата 2019 година изнесувала 28 милијарди долари. Според него, на највисоко ниво приоритет му е даден на градењето на зголемување на деловните контакти, трговијата и инвестициите.

Темата за справување со коронавирусот, пак, Трамп и Путин првпат ја разговараа во телефонскиот разговор од 30-ти март. Тогаш прво Русија испраи помош за САД, а потоа американската страна возврати со испраќање со 200 уреди за механичка вентилација.

Двајцата челници разговарале и за иранската програма за производство на нуклеарното оружје, и „двете страни ја истакнаа потребата од колективни напори за одржување на регионалната стабилнот и глобалниот режим на спречување на ширењето на нуклеарното вооружување.