Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега по должност Доналд Трамп издадоа заедничка изјава по повод 75-годишнината од средбата на советската и американската армија на германската река Елба кон крајот на Втората светска војна, соопшти во саботата службата за односи со јавноста на Кремљ.
„На 25-ти април 2020 година се навршуваат 75 години од денот на историската средба на советските и американските војници, кои си подадоа рака на разурнатиот мост над реката Елба. Овој настан беше предвесник на решавачкиот пораз на нацистичкиот режим“, се истакнува во соопштението.
Се посочува дека „духот на Елба“ претставува пример за тоа како Москва и Вашингтон може да ги стават настрана спротиставувањата, да изградат меѓусебна доверба и соработка во име на заедничките цели.
Во изјавата се нагласува и дека оваа средба претставувал „кулминација“ на „колосалните напори на многуте земји и народи“ кои се обединија во рамките на Декларацијата на Обедиентите нации од 1942 година. Во изјавата се вели и дека заедничката борба барала огромни жртви на милиони војници, морнари и цивили.
„Денес справувајќи се со најсериозните предизвици на XXI век, им оддаваме почит на доблеста и храброста на сите оние коишто заедно се бореа да го поразат фашизмот. Нивниот херојски подвиг никогаш нема да биде заборавен“, се вели во заедничката изјава на Путин и Трамп.
Двајцата челници, исто така, го истакнуваат и придонесот на милионите жени и мажи кои биле ангажирани на заднинскиот фронт во производството воена опрема. Се нагласува дека фирмите и заднинските работници одиграле клучна улога во обезбедувањето на неопходните средства за победата на сојузниците.
Средбата на двете војски во областа на градот Торгау во 1945 година го забрзал конечниот пораз на германскиот Вермахт и фактички го означил крахот на Третиот рајх. На разурнатиот мост се сретнале командантот на водот на 58-та гардиска срелачка дивизија на советските трупи, потполковникот Александр Силвашко и командантот на извидувачкиот вод на 69-та американска пешадиска дивизија, потполковникот Вилијам Робертсон.
Соопштението на двајцата претседатели за кое извести и Белата куќа доаѓа во време на тензични односи меѓу САД и Русија по низа прашања, од контролата на вооружувањето до конфликтите во Украина и Сирија, и до американскиет обвинувања дека Москва наводно шири дезинформации за коронавирусот и се меша во американските избори.
Весникот The Wall Street Journal пишува дека одлуката за заедничко соопштение била спорна за некои функционери во американската администрација, го биле загрижени дека таа ќе ги поткопа американските пораки упатени кон Москва. Весникот пишува и дека последното заедничко соопштение по повод средбата на Елба беше објавено во 2010 година, кога администрацијата на поранешниот демократски претседател Барак Обама барала подобри односи со Русија.
Републиканскиот претседател Доналд Трамп претходно ја најави можноста дури и да присуствува на одбележувањето на 75-годишнината од победата над фашизмот во Москва. Ги предизвика неолибералните струи во политичкиот естаблишмент во Вашингтон со пофалбите за рускиот претседател Владимир Путин и со оцените дека е важна соработката со Русија, како и дека му верува на рускиот челник дека Москва не се мешала во претседателските избори во 2016 година на кои тој неочекувано ја победи демократката кандидатка Хилари Клинтон.
Од друга страна продолжуваат и обвинувањата од последните десетина години од страна на Вашингтон кон Русија за речиси сите прашања од меѓународната политика, па дури и за внатршното уредување, што ги доведе односите меѓу двете неуклеарни сили на најниското ниво од завршувањето на иделошката Студена војна.