Путин и Зеленски поканети на самитот на Г20 во Индонезија

Претседателите на двете земји вклучени во вооружениот конфликт, Владимир Путин и Володимир Зеленски, би можеле да присуствуваат на самитот на Г-20 на индонезискиот остров Бали овој ноември, изјави лидерот на земјата домаќин.

За време на неговото онлајн обраќање во петокот, претседателот Џоко Видодо рече дека Путин му потврдил по телефон дека ќе присуствува на настанот од висок профил.

„Го поканив претседателот Зеленски да присуствува на самитот на Г20“, додаде индонезискиот претседател, потврдувајќи ја претходната најава на украинскиот лидер.

Русија е членка на Г20, која ги обединува врвните светски економии, додека Украина не е дел од клубот.

Видодо јасно стави до знаење дека поканата на Зеленски на Бали како набљудувач е дел од постигнатиот компромис со Западот, кој се залагаше Русија да биде забранета од самитот поради нејзината воена операција во Украина.

Од почетокот на конфликтот кон крајот на февруари, индонезискиот лидер не сакаше да попушти пред таквиот притисок, тврдејќи дека земјата домаќин мора да остане непристрасна.