Путин и Зеленски разговараа во пресрет на примирјето во Донбас

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски, во пресрет на примирјето во источна Украина, во телефонски разговор дискутираа за напорите за решавање на судирот меѓу украинската војска и милициите на одметнатите рускојазични региони, а рускиот лидер го критикувал законот на парламентот во Киев за распишување на избори во овие региони.

Двете страни, како потписнички заедно со Франција и Германија на договорот од Минск од 2015 година, претходно го поздравија започнувањето на примирјето во Донбас, што подразбира ново повлекување на силите од линијата на судирот и други субверзивни акции, откако од поодамна нема големи судири.

Путин и Зеленски го поздравиле договорот за целосно примирје во Домбас, односно воведувањето на дополнителните мерки кои ќе се надоврзат на од порано постигнатиот договор за прекин на огнот. Тие подразбираат запирање на офанзивни и диверзантски акции, запирање на повремени напади особено снајперски, како и извлекување на вооружувањата од населените места. Челнциите на самопрогласените република во Донецк и Луганск претходно објавија дека од понеделник ќе воведат целосен временски недореден прекин на огнот.

Кремљ, за кого станува збор за внатрешна украинска криза, вели дека било констатирана потреба од зголемена ефикасност на напорите во преговорите во рамките на Минската контактна група.

Од Киев додаваат дека Зеленски и Путин го отвориле и прашањето за разминирањето на територијата на Донбас и отворање нови контролни точки за минување на населението и стоки на линијата на разграничувањето.

Зеленски, исто така, повикал да се зголемат напорите за ослободување на украинските затвореници во Донбас, на Крим и во Русија, додека Путин истканал дека е важно страните во судирот безусловно да го почитуваат договорот за примирје.

Во тој контекст Путин исакнал дека е загрижен поради неодамна донесониот закон во украинската Рада, кој отвора пат за регионалните избори во 2022 година во организација на Киев, што е спротивно од договорот од Минск, како и дека тоа ги загрозува шансите за трајно решение на судирот.

Имено Донцек и Лиганск откажаа послушност откако новата прозападна власт во Киев по превратот во 2014 година го укина рускиот како службен јазик во регионите на југоистокот од земјата каде што е доминантно руското и рускојазичното население, а и именуваше гувернери по свој избор. Според договорот од Минск, двата региона треба да добијат широка автономија која вклучува и сопствени сили за безбедност и спроведување на редот, како и организирање избори кога за тоа ќе се создадат услови.