Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега по должност Владимир Зеленски првпат во четвртокот разговарааа за кризата во Украина, потврди Кремљ.
Путин и Зеленски телефонски раговарале за судирот во Украина и размена на затворениците, објави приватната руска новинска агенција Интерфакс, неколку часа откако рускиот претседател најави дека е отворен за разговараи со Украина, откако во оваа земја ќе се одржат парламентарните избори на 21-ви јули.
„Се разговараше за прашањата поврзани со решавањето на судирот на југоистокот од Украина и заедничкиот ангажман на враќањата на заточените лица од двете страни“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Двајцата челнции разговарале за можноста за продолжување на контактите во ткн „нормандиски формат“, кој ги вклучува и Германија и Франција во преговорите чијашто цел е да се стави крај на судирот меѓу проруските сепаратисти и украинските вооружени сили.
Путин претходно во четвртокот рече дека за тие прашања „горе-долу ќе биде можно да се разговара откако ќе биде формирана новата украинска влада и ќе се одржат изборите за парламентот“.
Зеленски ја презема претседателската должност пред два месаца и рече дека главен приоритет му е решавањето на украинскиот судир. Во понеделникот изјави дека е подготвен да се сретне со Путин во белоруска престолнина Минск на разговорите на коишто, како што рече, покрај Франција и Германија, би требало да бидат вклучени и Велика Британија и САД/
Односите меѓу Украина и Русија се крајно затегнати откако со преврат поддржан од Западот во 2014 година беше соборен претседателот Виктор Јанукович и централната нова власт во Киев го укина рускиот јазика како службен во југоисточните доминантно руски и рускојазични региони. Како одговор на тоа во регионот Донбас беше прогласена независност којашто Москва не ја признава, но ги призна двата референдума одржани на во март 2014-та црноморскиот полуостров Крим, каде што огромно мнозинство тамошното население си ја врати автономијата дадена откако во времето на СССР административно бил од руска припоен на украинската тероторија и која беше укината кога Украина во 1990 година прогласи независност. Покрај тоа, на Крим беше масовно поддржан и референдумот за припојување на Руската Федерација, што рускиот парламент го прифати а Западот го смета за нелеглано руско анектирање на украинска територија.
Во вооружениот судир во самопрогласените република Донецк и Луганск загинаа најмалку 13.000 луѓе на двете страни. Со договорот за примирје и почеток на преговорите за решавање на кризата беше договорен во белоруската престолнина Минск во 2015 година, со поддршка на Русија, Германија и Франција, но имаше само ограничен успех во ставањето крај на непријателствата.