Путин им одаде почест на загинатите во пожарот во трговскиот центар, меѓу кои 41 дете

Рускиот претседател Владимир Путин допатува во вторникот во сибирскиот град Кемерово каде што им одаде почест на 64 загинати во пожарот во трговскиот центар, меѓу кои 41 дете.

Путин положи цвеќе кај ѕидот на трговскиот центар „Зимска вишна“. Локалното население, исто така, изминатите денови носат цвеќе, палат свеќи и играчио на местото коешто стана меморијал на настраданите во пожарот.

Во стравичниот пожар во неделата животите ги загубија според официјалните бројки 64 лица, меѓу кои 41 дете. Путин при посетата на Кемерово ги критикуваше безбедносните мерки во трговскиот центар.

„Ова што се случи не е резултат на судур или неочекувана експлизја на гас во рудник. Луѓето, децата дошле да се отпуштат. Зборуваме за демографијата а губиме толку луѓе, поради што? Поради криминалната негрижа и л“, рече Путин.

Петнаесет лица и натаму се наоѓаат во болниците во вторникот. Големиот број жртви се припишуваат на игнорирањето на безбедносните мерки. Помошните излези биле блокирани, а обезбедувањето на трговскиот центар го исклучило противпожарниот аларм по избувнувањето на пожарот.

Руските власти упасија четири лица поврзани со пожарот, меѓу кои и сопствениците на продавници во центарот, и сопственикот на целиот центар.

Засега се’ уште не е позната причината за пожарот, а властите се сомневаат дека избувнал на горниот кат. Камерово, седиште на рударската и тешката индустрија, се наоѓа во централниот дел на Сибир, околу 3.600 километри источно од Москва.