Путин им се заблагодари на специјалните сили за херојството

Рускиот претседател Владимир Путин во неделата им се заблагодари на специјалните сили издвојувајќи ги оние кои херојски ја исполниле својата должност во Украина, во телевезиското обраќање кое е објавено на интернет страницата на Кремљ.

Путин рече дека војниците имале задача да пружат помош и да го запштитат цивилното население во Донбас, односно доминатнот руската област околу радовите Донецк и Луганск кои беа под опсада на украинските сили, а кои Москва по осум години ги призна како независни пред поечетокот на офанзивата во Украина во четвртокот утрото.

„Сакам да им се заблагодарам на командата, на припадниците на силите за специјални операции, на ветераните на единиците на специјалните сили на нивната лојалност на заклетвата коај ја положија, за нивната беспрекорна служба во името на народот на Русија и нашата голема татковина“, истакна рускиот претседател.

Путин го заврши обраќањето со пораката „Ви посакувам среќа, успех и сѐ надобро вам и на вашите најмали“.

Рускиот претседател се обрати по повод Денот на руските специјали сили кој се одбележува од 27-ми февраури 2015 година.